Денес, првите впечатоци за твојот бизнис се базираат скоро секогаш после првата посета на твојот веб сајт.
Кога велам прв впечаток, мислам на визуелното. Редизајнот на визуелното и функционалното не е нешто што треба да го сфатиш како „Ах, има време ќе го средиме и тоа понатаму..“. Редизајнот исто не значи дека треба да се промени секој можен графички елемент на вебсајтот. Редизајн може да биде и модификација на некои од функционалните елементи која значително ќе му помогне на вебсајтот да работи подобро и побрзо да ги постигне посакуваните маркетинг цели.
Добро дизајнирана и респонзивна веб страна е нешто што МОРА да го имаш денес без разлика за кој тип на бизнис се работи.
1. Веб сајтот не се појавува на Google
„Изгради сам“ веб страните имаат основно (исто како да го немаат) SEO. Google и другите пребарувачи редовно ги обновуваат правилата според кои се генерираат резултатите од пребарувањата. Ако рангирањето на вебсајтот ти е ниско тогаш ти е потребна нова SEO стратегија. Со редизајн и градење на вистински вебсајт но и со употреба на најдобрите Google практики твојот вебсајт ќе биде подобро рангиран и ќе генерираш повеќе интернет сообраќај.
2. Не ја обновуваш содржината
Ако ти е тешко да ја обновуваш содржината, или воопшто не ја обновуваш (со нова содржина), Google ќе гледа на твојот вебсајт како на „статичен“ и тоа ќе се одрази како негативно во алгоритамот за ранг. Едноставно кажано, Google сака активни веб страни.
Плус, редовно обновувана содржина ќе ги натера клиентите да го посетуваат вебсајтот постојано. Редовно обновување на содржината ќе ти го подобри рангирањето на Google и ќе покаже не само дека бизнисот ти е активен, туку и ќе стекнеш додаден авторитет кај клиентите.
3. Сајтот ти е бавен
Ако е потребно премногу време за да се лоадира еден веб сајт, или посетителот има слаб интернет или сајтот ти е за никаде. А за 2 секунди чекање посетителот губи интерес за вакви сајтови.
Може да има повеќе причини зошто еден вебсајт е бавен, но најчеста е потребата за апдејтови и промена на некои од застарените елементи кои значително го успоруваат (Adobe Flash). Многу од тие елементи го нарушуваат корисничкото искуство на мобилен а од десктоп корисниците пак се бара постојано да апдејтуваат и да инсталираат плагини за да погледнат содржина.
4. Изгледа старо
Има многу знаци кои укажуваат на застарен вебсајт. На пример нешто светка или „трепка“, употреба на класични табели, ни трага од CSS, не-транспарентни логоа и други визуелни знаци кои прават некој да се запраша „Абе овие работат уште!?“.
Дизајнот на веб страната е повеќе од важен. Поверојатно е дека корисник ќе реши да купи од добро дизајниран вебсајт отколку од застарен модел. Довербата и авторитетот кои доаѓаат во пакет заедно со добар дизајн ќе го подобрат кредибилитетот на твојот бизнис и успешно ќе го водат клиентот низ купопродажниот процес.
5. Нема интерес
Ако не генерираш интерес за твојот бизнис преку веб страната, дефинивно е време за нов или подобрен веб сајт. Клиентот треба лесно да допре до тебе преку веб сајтот, а веб сајтот пак треба да ја собира потребната информација од заинтересираните корисници и многу повеќе.
Исто, ако веб страната не ти е директно поврзана со социјалните мрежи тогаш воошто не очекувај некој да ја посети. Социјалните мрежи се главна алатка за генерирање интерес денес.
6. Веб сајтот не функционира на мобилен
Изминатата година, скоро 40% од Google пребарувањата беа на мобилен. Сега се 75%. Смартфоните го направија интернетот многу подостапен и пребарувањето на Google многу удобно. Во мај 2015 Google најави дека предност во рангирањето ќе им дава на веб страните кои се респонзивни на мобилни уреди и веднаш после тоа почнаа да ги казнуваат со пониско рангирање оние кои немаат флексибилен дизајн.
Ако твојот веб сајт автоматски не се реформатира во пропорционална големина по потреба на екранот, и ги присилува корисниците да зумираат ќе изгубиш потенцијални клиенти.
Идентификување на барем една од овие причини значи дека треба да почнеш да размислуваш за промена и освежување на твојот веб сајт, дури ако е потребно и градење на комплетно нов, модерен и функционален вебсајт. Веб сајтот постои за да го продава твојот производ/услуга. Ако подолго време не ја извршува таа функција, време е да се види зошто е тоа така, и да се направат потребните промени.