Дали ми е потребна веб страница за мојот бизнис?

Доколку вашиот бизнис стигнал до тука без веб страница, сигурно се прашувате: дали на мојот бизнис му е потребен веб сајт? Која е поентата на веб страницата кога мојот бизнис и без неа е доста успешен?

Да ви одговориме на кратко, никогаш не постоело подобро време од сега за да порачате модерна, брза и респонзивна веб страница. Со модерен веб сајт вашиот бизнис има огромен број на придобивки, а некои од тие добивки се зголемуваат експоненцијално од година во година.

Сеуште не сте убедени? Составивме пет најголеми придобивки кои вашиот бизнис би ги имал доколку имате модерна веб страница.

1. Веб страницата креира професионална слика за вашиот бизнис

91% од денешните потрошувачи мислат дека веб страницата го прави вашиот бизнис покредибилен заразлика од компаниите кои имаат само профили на социјалните мрежи. Вашиот веб сајт е исто така совршено место за покажување на сите сертификати, награди или позитивни коментари што ги има вашиот бизнис.

Плус, доколку имате веб страница, ќе можете да користите брендирана е-мејл адреса (ВашетоИме@ИметоНаВашатаСтраница.мк) што го зголемува нивото на професионализам низ целата комуникација на клиентот со вас. Исто така доколку сакате во иднина да користите одредени маркетинг алатки, не би можеле тоа да го направте со ваш личен мејл преку Gmail, outlook, yahoo итн..Потребно е да имате бизнис е-мејл адреса како што ја наведовме погоре.

2. Вашата веб страница ќе привлече нови клиенти преку Google

Можеби сте задоволни со моменталната големина на вашиот бизнис, но секоја компанија доживува обрт на клиентите. За да поттикнете континуиран успех, треба да привлечете нови клиенти, а еден од најдобрите начини да го направите тоа е да бидете видливи на Google. Клучот до нови клиенти е нова/модерна веб страница. Клиентите кога би барале одредена услуга на Google, услуга која вие ја нудите, вие ќе им излезете на резултатите од пребарувањето.

Потенцијалниот клиент ќе влезе на вашиот веб сајт, ќе ги разгледа услугите/производите кои ги нудите и ќе ве исконтактира. Тоа е нов клиент кој не би можеле да го фатите доколку немате веб сајт. Ова поконретно се нарекува SEO оптимизација. Ние ја оптимизираме вашата веб страница да се појавува на резултатите од пребарувањето доколку некој ја пребара вашата услуга или производ.

3. Прикажете ги вашите производи и услуги

Можете да ги прикажете вашите производи или услуги преку слики, описи, видеа итн..Клиентите секогаш сакаат детално да ги разгледаат услугите кои ги нудите, а најдобар начин за ова е да ја посетат вашата веб страница. На овој начин се чуствуваат по уверени околу услугата која сакаат да ја купат од вас. Веб страницата е совршен начин за да ги убедите вашите потенцијални клиенти да го направат вистинскиот избор и да порачаат некој од вашите производи или услуги.

4. Веб страницата ги поттикнува клиентите да ве исконтактираат

Веб страницата е одлично место за вашите клиенти да можат лесно да ве исконтактираат. Можете контакт информациите да ги вметнете најгоре на веб страницата (над менито или пак во самото мени) и клиентите да ги гледаат постојано. На тој начин ќе овозможите полесен начин за клиентите да може да ве побараат. Во контакт страницата ќе имате контакт форма преку која што клиентите ќе можат да постават одредено прашање кое на вас ќе ви пристигне на е-мејл.

Исто така можеме да интегрираме чат преку кој што клиентите би можеле да ве контактираат 24/7. Чатот може да се интегрира заедно со Facebook, со мобилна апликација, со десктоп апликација итн..Сите можности кои ги нудиме го олеснуваат значително начинот за клиентите да можат да стапат во контакт со вас.

5. Приказ на вашиот бизнис на Google Maps

Можете да го прикажете вашиот бизнис на Google Maps директно на вашата веб страница. На овој начин клиентите ќе можат лесно да ја откријат вашата локација за да можат да ве посетат.