Сакате да добиете повеќе интернет таргетиран сообраќај и продажби? Започнете таму каде што започнуваат 95% од искуствата на Интернет – со пребарувачите .
SEO оптимизацијата е прилагодување на страниците за пребарувачите кои преку посебни алгоритми вреднуваат одредени содржини, и е од клучен значај како би се појавиле на Google, Yahoo , Yandex и Bing. За да привлечете повеќе посетители вршиме пасивна оптимизација (креирање XML sitemap, оптимизација на permalinks, конфигурирање на SEO додаток и слично.)
Оптимизирани веб страници со мета-опис, мета-клучни зборови оптимизирани се сликите и сл.
Сето ова значи дека вашата веб страница ќе се појавува високо во резултатите на Google, Bing, Yandex.
Откако сите важни информации ќе бидат пренесени на Google и на другите интернет пребарувачи и ќе им помогнеме да ја препознаат содржината на вашата веб страница веднаш истата ќе биде прикажана повисоко во своите резултати.
SEO (Search Engine Optimization) е процес на оптимизирање на вашиот веб-сајт за да го направите попривлечен за пребарувачите како Google. Ова вклучува оптимизирање на содржината, структурата на веб-сајтот и линковите за подобро рангирање.
Социјалните медиуми индиректно влијаат на SEO. Иако Google не ги зема директно предвид активностите на социјалните медиуми во рангирањето, тие можат да го зголемат органскиот сообраќај на вашата веб-страница и да придонесат кон споделување и линкови, што е корисно за SEO.
SEO е долгорочен процес, и обично резултати може да се забележат по 3 до 6 месеци. Меѓутоа, ова може да варира во зависност од конкуренцијата, стратегијата и колку брзо имплементирате промените.